Top Sport

Инцидент во женскиот „Олд Фирм“ – Помошникот тренер на Ренџерс го удри тренерот на Селтик

Фудбалерките на Глазгов Ренџерс и Селтик одиграа 1:1 во дербито на шкотското првенство. Натпреварот го обележа насилничкото однесување на помошникот тренер на Ренџерс.

По завршувањето на натпреварот Крег Мекферсот со глава го удри тренерот на Селтик Фран Алонсо, додека тој се поздравуваше со фудбалерките.

„Не го видов бидејќи дојде зад мене. Не знам зошто го направи тоа, не разговаравме во текот на натпреварот. Секако дека се разочарани бидејќи примија гол во последната минута, јас го разбирам тоа. Ми рече дека сум стаорец. Не сакам да го суспендираат“, изјави Алонсо за „Скај спорт“.

Првото место во шкотскиот шампионат го држи Глазгов сити со 65 бодови. Втор е Селтик со 57, додека на третото место се фудбалерките на Глазгов со 56 бодови.

Scroll to Top