Навивачите на Ривер Плата, низ улиците на Буенос Аирес жестоко ја прославија титулата во Копа Либертадорес. Ривер, синоќа во Мадрид, по продолженијата славеше над Бока Јуниорс 3:1.
Ривер Плата ја освоија четвртата титула во Копа Либертадорес, титула што засекогаш ќе се памети бидејќи е освоена против најголемиот ривал.
По натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, навивачите на „бело-црвените“ славеле низ улиците на Мадрид, а прославата во Буенос Аирес се уште е во тек. Прославата во аргентинската престолнина им донесе многу работа на полицајците.
Имало неколку жестоки пресметки помеѓу навивачите и полицијата, поради што полицајците морале да употребат солзавец. Според некои информации приведени се повеќе од сто навивачи на Ривер Плата.
#BuenosAires police disperse agitated fans amid River Plate's #Libertadores win celebrations pic.twitter.com/WCL9oaBg6e
— Ruptly (@Ruptly) December 10, 2018
WATCH: Fans in Buenos Aires celebrate Argentinian soccer team River Plate's win versus the Boca Juniors at the #CONMEBOLLibertadores final #ClubWC pic.twitter.com/MAmMgtsBXL
— Bloomberg QuickTake (@QuickTake) December 10, 2018