Top Sport

Милвоки Бакс ја освоија Канада (Видео)

Милвоки Бакс победи во Канада кај Торонто Репторс 104:99, во дуелот што двете најдобри екипи во Источната конференција, во НБА лигата, го одиграа изминатата ноќ. Франшизата од Висконсин победи бидејќи во своите редови имаше повеќе расположени играчи.

Доминираше на двете страни Јанис Адетокумбо со 19 поени, исто толку скока и шест асистенции. Ист број на поени постигна и центарот Брук Лопез кој погоди пет тројки од осум обиди.

Најефикасен кај Торонто беше Серж Ибака со 22 поени, Кавај Ленард постигна 20, а Фред Ван Вилт 19 поени.

Торонто остана лидер на Истокот со 21 победа и седум порази, а Милвоки се на второто место со скор 17/8.

Сан Антонио Спарс славеа против Јута Џез 110:97. Спарс во првото полувреме го решија прашањето околу конечниот исход на мечот. Демар Дерозан постигна 26 поени, Руди Геј имаше 23 коша и 15 скока, а Ламаркус Олдриџ постигна 20 поени.

Јута ја предводеа Донован Мичел со 27 и Рики Рубио со 26 поени.

Двата тима имаат идентичен скор од 13 победи и 14 порази.

Шарлот Хорнетс, благодарение на Кемба Вокер, успешно го минаа гостувањето во Њујорк. Хорнест ги совладаа Никс 119:107. Вокер забележа 25 поени, шест скока и шест асистенции. Кај Њујорк се истакна дебитантот Кевин Нокс со 26 поени и 15 скока.

Хорнест стигнаа до скор од 13 победи и 13 порази, додека Никс се на осум победи и 20 порази.

Scroll to Top