Top Sport

Индиец се самоуби по поразот на Аргентина од Хрватска

Навивачот на Лео Меси и на аргентинската репрезентација, Индиецот Дину Алекс се самоуби по поразот на „албиселесте“ од 3:0 од Хрватска, објавија индиските медиуми.

Според „Тајмс оф Индија“, 33-годишниот сметководител Алекс од индиското село Арманор во државата Керала, бил толку страствен навивач на Меси, што во петокот исчезнал од својот дом, а по 50 часа потрага, локалните пожарникари го пронашле неговото тело во реката.

Тој оставил порака во својата соба, во која јасно посочува дека се решил на овој чекор откако не успеал да се справи со шокантниот пораз.

„За мене не остана ништо на овој свет. Си заминувам. Никој не е одговорен за мојата смрт“, се вели во пораката.

Дел од Твитер-заедницата му оддаде почит на Алекс, но јасно посочувајќи дека фудбалот не треба да биде сфаќан толку сериозно.

Scroll to Top