Top Sport

Инфантино доби уште еден мандат во ФИФА

Џани Инфантино е реизбран за претседател на ФИФА со втор мандат до 2023 година, откако на годишниот конгрес во Париз немаше контра-кандидат.

49-годишниот Швајцарец го замени контроверзниот сонародник Сеп Блатер во 2016 година, по што почна со контроверзните проекти за проширување на бројот на тимови на Светското првенство во 2026 година на 48, како и големи промени на Светското клупско првенство. Блатер претходно беше 17 години на чело на ФИФА, пред во 2015 година да добие суспензија поради корупцискиот скандал.

Инфантино, кој е поранешен генерален секретар на УЕФА, беше човекот зад проширувањето на СП од 32 на 48 клуба за 2026 година, кога Мундијалот ќе се оддржи во САД, Канада и Мексико, иако плановите за проширување за 2022 беа отфрлени минатата недела. Во март, ФИФА го одобри планот на Инфантино за Светско клупско првенство со 24 клуба во 2021 година и покрај големото противење на европските клубови и федерации.

Scroll to Top