Top Sport

Инфантино ги моли клубовите – пуштете ги фудбалерите во репрезентација!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино повика на солидарност по повод пуштањето на фудбалерите да се приклучат кон своите репрезентации во пресрет на сектемвриските квалификации за Мундијалот во Катар во 2022 година. Англиските клубови се против тоа.

„Ги повикувам на солидарност сите наши асоцијации на членки, секоја лига и секој клуб“ наведува Инфантино во соопштението и додава дека пуштањето на играчите за репрезентативните обврски е „прашање на исклучителна итност и важност“.

Инфантино пред се мисли на клубовите од Премиерлигата кои вчера соопштија дека се противат да ги пуштат своите играчи во земјите од „црвената Ковид зона“ каде, според британската Влада, ситуацијата со коронавирусот е алармантна.

Британската Влада одреди карантин од 10 дена за секој кој се враќа од земјите во таа „зона“. Во таа група се дури 60 фудбалери од 19 клубови во Премиерлигата кои би требало да патуваат во 26 земји во опасната зона – пред се африкански и јужноамерикански.

Инфантино побарал од британскиот премиер Борис Џонсон „неопходна поддршка за на тие фудбалери да не им биде оневозможено да ја претставуваат својата земја“.

Scroll to Top