Top Sport

Нов обид на Лацио да доведе на „Олимпико“ уште еден Србин!

Од римски Лацио повторно ги контактирале челниците на бундеслигашот Ајнтрахт Франкфурт во врска со трансферот на српскиот репрезентативец, Филип Костиќ“, пренесува „SportItalia”.

Со продажбата на Хоакин Кореа во касата на „небесносините“ ќе влезат 31 милион евра, доволно средства за ангажирање на Костиќ.

Ајнтрахт за Србинот бараат 35 милиони евра.

Експертот за трансфери во Италија – Алфредо Педула пренесува дека преговорите наскоро ќе започнат и дека тимот предводен од Маурицио Сари е силно заинтересиран за фудбалерот.

Доколку не успеат во намерата, од Лацио како алтернатива го посочуваат ангажманот на Метео Закањи од Верона.

Scroll to Top