Top Sport

Инфантино направи селфи пред ковчегот на Пеле

Светската фудбалска легенда Пеле денеска ќе биде погребан во Сао Паоло. Тој почина во четвртокот на 83-годишна возраст. Неговото тело 24 часа беше изложено на центарот на теренот на стадионот на Сантос, а илјадници навивачи се простија од него.

Огромна бура предизвика постапката на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го шокираше светот откако одлучи да направи фотографија со семејството на Пеле. Првиот човек на светскиот фудбал наиде на огромни критики поради тоа.

Scroll to Top