Top Sport

Инфантино сака од корен да го смени светскиот фудбал

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во петок ќе ги претстави плановите за воведување на две нови глобални натпреварувања. Комисија на ФИФА, ќе се состане во Руанда, а на дневен ред ќе се најде и предлогот на Инфантино за мини Мундијал и за проширување на Светското клупско првенство. Од ФИФА никој не сакал да ги коментира најновите предлози, поради што е нејасно дали за нив ќе се гласа на состанокот во Руанда.

На членовите на бордот на ФИФА, Инфантино им се обратил со писмо во мај минатата година. Во писмото тој наведува дека постоеле сериозни инвеститори подготвени да вложат 25 милијарди долари во наредните 12 години, почнувајќи од 2021 година.

Инфантино не открива кои се инвеститорите, но одредени медиуми шпекулираа дека станува збор за јапонскиот конгломерат „Софтбанк“.

Против ваквите планови на Инфантино се европските клубови и национални првенства на чело до претседателот на УЕФА, Алексадар Чеферин. Првиот човек на европскиот фудбал го обвини Инфантино дека сака да ја продаде душата на фудбалот.

Доколку предлогот на Инфантино биде прифатен, тогаш можат да се очекуваат големи промени во интернационалниот календар.

Во календарот би влегол мини-Мундијалот, натпреварување што според Инфантино би се одржувало на секои две години и на кое би се натпреварувале осум репрезентации. Тоа натпреварување би го добило името „Фајнал 8“ и би претставувало завршница на глобалното натпреварување наречено Лига на Нации.

Според планот на Инфантино овој турнир биде играл на секои две години, во октомври и ноември, почнувајќи од 2021 година, што значи дека целосно би бил укинат Купот на конфедерации.

Покрај тоа, Светското клупско првенство, на кое во моментов учествуваат седум клуба, според плановите на Инфантино би било проширено на 24 екипи и биде одржувало на секои четири години.

Scroll to Top