Top Sport

Инфантино: Тие што ќе играат Суперлига нема да можат да играат светско или европско првенство

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, рекол дека оние што ќе решат да учествуваат во новото натпреварување, кое под името Суперлига, го подготвуваат најбогатите европски клубови, нема да можат да учествуваат во останатите клупски или репрезентативни натпреварувања.

Долго време постои идејата за формирање на приватна лига, во која би учествувале 16 тимови. Доколку Суперлигата биде формирана, постои можност, најдобрите светски играчи да добијат забрана за настап на европските и светските првенства, како и на другите меѓународни натпреварувања.

Првиот човек на ФИФА, Инфантино, потврдил дека сите оние што ќе се решат за Суперлигата нема да можат да играат на светските првенства.

„Или сте со нас или не сте. Доколку некои од фудбалерите не играат во натпреварувањата што се во наша организација, тогаш тоа ќе се однесува за сите натпреварувања: националните првенства, Европско и Светско првенство, натпреварувањата помеѓу конфедерациите“, се заканил Инфантино.

Според „Дер шпигел“ во јануари 2016 година врвните европски клубови „зад грбот на УЕФА и на националните федерации“ почнале преговори за формирање на Супер лига: Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен, Јувентус, Милан, Пари Сен-Жермен.

Овие 11 клубови, кои би биле основачи на Супер лигата, би играле без можност за испаѓање и би имале гарантирано мето во следните 20 години, а дополнителни пет клубови би биле поканети како „гости“: Интер и Рома од Серија А, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Олимпик Марсеј.

Фудбалската Супер лига ќе биде само за „богатите и славните“

Scroll to Top