Top Sport

Солари собори клупски рекорд стар 61 година

Дочекан со недоверба, новиот тренер на Реал, кој се уште е привремено решение, Сантијаго Солари, успеа да собори клупски рекорд стар 61 година.

Солари е вториот тренер во историјата на славниот клуб, кој својот мандат го започнал со три победи без притоа екипата да прими гол. Претходно тоа му успеало на Луис Карнилија во далечната 1957 година.

Откако Солари го наследи Хулен Лопетеги, Реал забележа три победи со гол разлика 11:0. „Кралевите“ најпрвин во купот славеа кај Мелила 4:0, потоа во првенството со 2:0 го совладаа Ваљадолид, а синоќа во Плзен, во Лигата на шампионите ја декласираа Викторија со 5:0.

Инаку, Реал, има уште една недела да го реши статусот на Солари. Шпанските медиуми веќе пишуваат дека на Аргентинецот ќе му биде понуден договор до крајот на сезоната.

Scroll to Top