Top Sport

Инфантино: Трамп ми кажа дека Иран е добредојден на СП

Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, изјави дека Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, потврдил дека иранската репрезентација е добредојдена да учествува на Светското првенство во 2026 година, и покрај сегашните тензии.

Инфантино изјави дека се сретнал со Трамп во средата и дека за време на разговорот се разговарало за учеството на Иран на турнирот што ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, објави бриселскиот „Политико“.

Според него, Трамп нагласил дека иранската репрезентација е „секако добредојдена“ да се натпреварува. Иран се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година и се очекува да одигра три натпревари од групната фаза во Лос Анџелес и Сиетл, но неговото учество е доведено во прашање во последните недели поради ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран.

Пред десет дена, САД и Израел, започнаа воена офанзива против Иран. Конфликтот, исто така, доведе до пораст на цените на нафтата и загриженост за глобалната економија.

Инфантино рече дека на светот му е потребен настан како Светското првенство што може да ги зближи луѓето, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател за неговата поддршка.

Тој исто така потсети дека во декември минатата година му ја доделил на Трамп првата награда за мир на ФИФА, наменета за поединци кои презеле исклучителни акции за мир и поврзување на луѓето ширум светот.

Иран треба да игра во Групата Г со Белгија, Египет и Нов Зеланд.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');