Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, на состанокот во Доха, го коментирал предлогот, Мудијалите да се одржуваат на секои две години. Против оваа идеја веќе се изјаснија УЕФА и Меѓународниот олимписки комитет.
„Го разгледуваме календарот, се консултираме со сите. Секако дека сакаме да слушнеме како размислуваат главните актери, фудбалерите и тренерите. Не сакам на самиот почеток да ја отфрлам оваа идеја. Противниците на оваа идеја, не сакаат Светското првенство да стане „обичен“ настан. Тие сакаат Мундијалот, исто како и Олимписките игри да се одржуваат на секои четири години“, рекол Инфантино.
Претседателот на ФИФА, потсетил дека календарот е пренатрупан, дека се преклопуваат клупските и репрезентативните натпревари.
„Има премногу неважни натпревари, календарот е пренатрупан. Ваквиот распоред е неиздржлив. Мораме да имаме единствен систем, кој смислено ќе ги раздели клупските и репрезентативните натпревари“.