Фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста, денес официјално ќе ја соопшти одлуката дека ќе го напушти клубот, пренесоа шпанските медиуми.
Својата одлука Иниеста ја објави веднаш по финалето на Купот, во кое Барселона ја декласира Севилја 5:0. „Мундо депортиво“ пишува дека 33-годишниот фудбалер денес ќе ја официјализира својата одлука.
Весникот шпекулира дека Иниеста вчера на соиграчите им соопштил дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот во кој мина 22 години.
Според истиот извор тој кариерата ќе ја продолжи во Кина, во екипата на Чунцин Дангај Лифану со која потпишал тригодишен договор.
Барселона планира да се прости од Иниеста пред почетокот на последниот натпревар во првенството против Реал Сосиедад.
Андрес Иниеста е продукт на академијата на Барселона, а за првиот тим дебитирал на 18-годишна возраст. Тој е најтрофејниот шпански фудбалер, со 34 оосвоени трофеи. Поради голот во финалето на Светското првенство во 2010 година, со кој на „црвената фурија“ и ја донесе титулата тој е омилен низ целата држава.