Top Sport

Иниеста на свој начин се збогува со „Ноу Камп“ (Видео)

Големиот Андрес Иниеста, синоќа, го одигра последниот, 647.натпревар во дресот на Барселона. Барселона, во последното коло, со спектакуларниот гол на Кутињо, го победи Реал Сосиедад (1-0), но 90.000 навивачи дојдоа да се збогуваат со легендата Иниеста, кој по 22 години го напушта клубот.

Откако, по завршувањето на мечот, на фудбалерите им беше врачен шампионскиот пехар, а потоа тие се простија од Иниеста, на стадионот беа изгаснати светлата, а над небото на Барселона имаше огномет, Иниеста им се обрати на навивачите.

„Ова беа прекрасни 22 години. Ми беше чест да ги бранам боите на овој клуб, кој за мене е најголем во светот. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите на стадионот.Само сакам да кажам дека моето срце засекогаш ќе биде овде“, рекол Иниеста освојувач на 31 трофеј со Барселона.

Откако гледачите го напуштија „Ноу Камп“, Иниеста на свој начин се прости од стадионот. Час и половина по полноќ, сам, бос тој излегол на тревникот, седнал на центарот, гледал во трибините, а птооа нешто снимал со својот мобилен телефон.

Scroll to Top