Top Sport

Иниеста не го вброи Меси меѓу своите омилени соиграчи

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста, го прогласи Лионел Меси за најдобар светски фудбалер на сите времиња, но не го вброи меѓу оние со кои најмногу уживал да игра.

„Не се сомневам дека Меси е број 1 во историјата на фудбалот. Никогаш не сум видел некој друг да ги прави работите што тој може да ги направи. Сегашниот Меси е поинаков. Тој стана помудар, стана уште подобар и им помага на соиграчите да го покажат својот максимум“, изјави Иниеста во интервју за „TyC Sports“.

„Може ли Лео да се врати во Барса? Тоа нема да биде лесно, но постои како можност“, прокоментира Иниеста.

На прашањето кои се неговите пет омилени соиграчи во текот на кариерата, тој одговори: „Чави, Нејмар, Самуел Ето, Серхио Бускетс и Хуан Роман Рикелме“.

Интересно е што Рикелме одигра само една сезона во каталонскиот тим, додека Иниеста и Меси беа соиграчи на „Камп Ноу“ цели 15 години.

Scroll to Top