Top Sport

Иниеста: Ракитиќ треба да остане во Барса

Поранешниот фудбалер на Барселона Андрес Иниеста во интервју за „Марка“ ја коментирал ситуацијата во која се наоѓа Иван Ракитиќ. Хрватот е вишок во Барселона откако во тимот пристигна Френки де Јонг. Според шпекулациите Ракитиќ во јануари ќе го напушти „Ноу Камп“.

Иниеста кој на залезот од кариерата игра во Јапонија (Висел Кобе) ги советува челниците на Барселона да го задржат Ракитиќ во тимот.

„Јас не би го пуштил да си оди, тој е одличен играч. Величествено играше минатите години. Можеби оваа година не се истакнува како претходно, но тоа не значи дека тој не е врвен играч“, рекол Иниеста.

Поранешниот капитен на Барса открил дека во текот на кариерата добивал понуди од Реал и дека тоа не е необично.

„Реал секогаш ги контактира најдобрите играчи на Барселона“.

Има свое мислење и за евентуалното враќање на Нејмар.

„Би било добро кога би се вратил на „Ноу Камп“, но не сум сигурен како тој би се вклопил во овој напад на Барселона“.

Scroll to Top