Top Sport

Атаман го критикувал Мициќ: Непрофесионално

Ергин Атаман тренерот на Анадолу Ефес го критикувал својот најдобар играч од почетокот на сезоната Василије Мициќ по поразот на неговиот тим од Панатинаикос 86:70.

Мициќ во првите пет рунди два пати беше МВП, но целосно разочара со играта во ОАКА во Атина. Постигна шест поени со катастрофален шут од поле 3/13 и „продал“ седум топки. Тој не погодил ниту еден од шестте обиди за три поени.

„Нашиот плејмејкер изгуби седум топки. За мене е неприфатливо играч кој пред два дена беше МВП на колото да одигра меч со седум „продадени“ топки и шут за три поени 0/6. Тоа не е професионално“, рекол Атаман.

Само Шејн Ларкин одиграл добро кај Ефес. Американецот мечот го завршил со 28 поени.

„Така не се почитува пријател кој ја вложува својата енергија. Добро игравме ужасно, лошо шутиравме, постигнавме шест тројки од 30 обиди…Василије Мициќ и Крунослав Симон се поентери кои вечерва шутираа тројки 1/17“, заклучул тренерот на Анадолу Ефес.

Scroll to Top