Top Sport

Иниеста се извини за „традицијата“ околу обвинувањата за расизам

Андрес Иниеста мораше да се извини, откако беше обвинет за расизам по објавената фотографија со двајца пријатели со зацрнето лице.

Легендата на Барселона постави фотографија за своите 27.4 милиони следбеници на Инстаграм покажувајќи ја прославата на Трите крала, или на шпански „Фелиз диас де рејес“, христијански празник, на кој се слави доаѓањето на трите крала Балтазар, Мелкиор и Гашпар на раѓањето на Исус Христос.

Балтазар во шпанската традиција е претставен како црнец, и двајца од неговите пријатели имаа обоено лице, што за многумина претставува расистички гест. По ова, Иниеста мораше да се извини.

„На 6 јануари, семејството на Андрес Иниеста беше посетено од трите крала во неговата куќа и тој реши да ја сподели фотографијата на социјалните мрежи. Присуството на трите крала е дел од нашата култура во еден од најмагичните денови за семејството. Сакаме да ја поставиме контроверзата на вистинско место. Во ниту еден момент Андрес Иниеста не сакаше да навреди некој со таа фотографија и се извинува на сите кои се навредени“, се вели во објавата на шпанската фудбалска легенда.

Иниеста обвинет за расизам!

Scroll to Top