Top Sport

Химки по продолженија го „матираше“ Фенербахче (видео)

И без Алексеј Швед, Химки успеа да стигне до драмтична 84:78 победа по продолжението над лидерите на Евролигата, Фенербахче во Русија.

Ентони Гил се врати на теренот со 12 поени и седум скока, за рускиот клуб да стигне до седмата победа оваа сезона во Евролигата и да ги задржи шансите за плеј-офот. Стефан Марковиќ беше најдобар стрелец со 13 поени, а Ди Бост додаде 12 поени за Химки.

Фенербахче водеше со 23:13 во првата четвртина, но домаќините направија пресврт до крајот на третата четвртина (57:54). По ова, мечот остана тесен, а Фенер имаше и 66:63 предност на три минути пред крајот, по што домаќините вратија со 7:1 серија. Во продолжението, Химки стартуваше со 8:2 и тоа беше доволно за победа.

Мелих Махмутоглу постигна 18 поени во 18 минути за Фенер, Јан Весели додаде 17, а Костас Слукас имаше 10.

Scroll to Top