Top Sport

Иниеста се сели во Кина поради бизнисот со вино?

Според „Марка“ Барселона по финалето на Кралскиот куп ќе ја добие веста дека Андрес Иниеста заминува во Кина, а главен фактор за ова е неговиот бизнис со вино.

„Бодега Иниеста“ е формирана во 2010 година и работи од неговиот роден град Фуенталбилја, во Кастилја-Ла Манша, со голем број на продукти достапни преку веб-сајтот, кој е на англиски и на мандарински.

Според „Марка“ не е изненадување што Иниеста ќе извезе 2 милиони шишиња вино во Кина во 2018 година, а голем дел од договорот со кинескиот клуб со кој ќе потпише ќе биде за рекламирање на неговите продукти на огромниот пазар.

Иниеста помина 22 години во Барселона.

Scroll to Top