Top Sport

Иниеста со магичен прв гол за Висел Кобе (видео)

Андрес Иниеста го постигна првиот гол во јапонската Џеј лига за Висел Кобе при 2:1 победата над Џубило Ивата во саботата.

Шпанската фудбалска легенда се пресели во Јапонија по славната кариера со Барселона, постигна фантастичен гол по асистенција на поранешниот напаѓач на Арсенал, Лукас Подолски, покажувајќи дека и на 34 години е во топ-форма.

Голот на Иниеста го отвори резултатот во 16. минута, по што Кјого Фурухаши зголеми на 2:0. СО овој резултат, Кобе на четвртото место во Џеј лигата, зад првопласираните Хирошима санфрис.

Колегата на Иниеста од репрезентацијата, Фернандо Торес, не успеа да постигне гол за Саган Тосу, иако неговиот тим стигна до 1:0 победа над Урава ред дајмондс.

Scroll to Top