Top Sport

Косиелни со капитенската лента во Арсенал

Новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери го именуваше ветеранот Лорен Косиелни како капитен на Арсенал во 2018/19 и покрај тоа што Французинот е повреден.

Минатата сезона, Пер Мертезакер беше капитен на „топчиите“ пред неговото пензионирање, и сега неговиот поранешен партнер во одбраната ќе ја има одговорноста. Петр Чех, Арон Ремзи, Месут Озил и Гранит Џака ќе бидат дел од лидерската група, која ќе служи како заменик на капитенот.

„Капитенот на таа група е Лорен Косиелни, кој во моментов е повреден. Додека тој не е на теренот замениците ќе ја носат лентата. Сакам лидери во тимот, и секој фудбалер да може да го покаже тоа, но овие пет фудбалери имаат најголеми квалитети“, вели Емери.

Scroll to Top