Top Sport

Иниеста успешно опериран во Барселона

Славниот Андрес Иниеста, попладнево бил опериран во Барселона. Неговиот клуб, Висел Кобе, објави дека ветеранот ќе паузира четири месеци. 37-годишниот фудбалер се повредил во четврт-финалниот натпревар, против Сувон, во Лигата на шампиони на Азија. Кобе, по изведувањето на пенали се пласираа во полу-финалето.

Андрес Иниеста е легенда на Барселона и Шпанија. Со неговиот гол против Холандија, во Јужна Африка, Шпанците ја освоија светската титула. Покрај светската, со „црвената фурија“, Иниеста два пати бил европски првак.

За Барселона настапувал 16 години (2002-2018), во тој период освоил 32 трофеи, меѓу кои се и четири во Лигата на шампионите.

Со Кобе има трофеј во Купот на Јапонија.

Scroll to Top