Top Sport

Иниеста: Заминав во Јапонија да се чувствувам како фудбалер

Андрес Иниеста открива дека неговиот трансфер во јапонскиот клуб Висел Кобе се случил бидејќи тој сакал да продолжи да се чувствува како фудбалер.

Легендата на Барселона ја напушти Каталонија со 31 освоен трофеј минатото лето и му се приклучи на својот сонародник Давид Вилја во јапонскиот клуб.

„Сакав да продолжам да се чувствувам како фудбалер. Сценариото е поинакво, проектот е поинаков, но не се смени одговорноста и страста за играње фудбал. Победите се тешки во секој клуб, но во Јапонија е малку потешко, бидејќи сите тимови се слични по силатата и квалитетот“, вели Иниеста во интервју со „ЕФЕ“.

Висел Кобе по четири меча во Ј-лигата има 2 победи под водство на шпанскиот тренер Хуан Мануел Лилјо, а во својот состав ги имаат и Лукас Подолски и Серхи Сампар.

„Клубот сака да стане најдобар во Азија и тоа беше една од причините за доаѓање тука. Сакам да бидам во места каде што луѓето ти покажуваат љубов, почит и ти даваат самодоверба“, вели Иниеста, кој во Кобе живее со своето семејство и вели дека почнал да го учи јапонскиот јазик.

Scroll to Top