Top Sport

Занети: „Ситуацијата“ со Икарди е разрешена, тој може да игра овој викенд

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети потврди дека „ситуацијата“ со Мауро Икарди е решена и сега се потребни дела, а не зборови.

Икарди се врати на тренинзи со „нераѕурите“ по 40 дена во аут со повреда на коленото, која сосема „случајно“ се поклопи со одлуката на тренерот Лучано Спалети да му ја одземе капитенската лента. Бидејќи неговиот аргентински сонародник Лаутаро Мартинез е повреден, можно е Икарди да биде стартер против Лацио овој викенд.

„Проблемите се решени, сега најважно е да се фокусираме на тимот и неговите цели. Премногу се зборуваше за ова. Сега, потребни се дела, а не зборови. Имаме 10 натпревари до крајот на сезоната и мораме да ја оствариме целта, и да се квалификуваме за Лигата на шампиони. Во недела играме против Лацио, директен конкурент за тие места и тој меч икогаш не е лесен. Сигурен сум дека Лучано Спалети и момците ќе се подготват најдобро што умеат“, вели Занети за „Скај спорт Италија“.

Scroll to Top