Дефанзивецот на Барселона Иниго Мартинез кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Повремениот репрезентативец на Шпанија постигнал договор со Ал Наср.
Барселона нема да добие ниту цент од трансферот, тврди новинарот Фабрицио Романо. Искусниот стопер активирал посебна клаузула во договорот за да го напушти клубот. Сепак, Барса ќе заштеди на неговата плата и ќе добие простор за маневрирање за понатамошна регистрација на фудбалери.
Клубот нема да бара нов дефанзивец на трансфер пазарот. Тоа неодамна го потврди и спортскиот директор Деко.
„Имаме пет централни дефанзивци, еден мора да си замине“, рече Деко за „Мундо Депортиво“.
Барселона останува со четири централни дефанзивци: Пау Кубарси, Роналдо Араухо, Андреас Кристенсен и Ерик Гарсија, додека Жил Кунде првенствено се смета за десен бек. Покрај тоа, тренерот Ханси Флик веќе го проба младиот Жерар Мартин на позицијата лев стопер во предсезоната.