Top Sport

Инс: Јунајтед се лажат ако мислат дека за две години ќе ги стигнат Ливерпул

Манчестер јунајтед се залажуваат ако сметаат дека можат да фрлат пари на неколку преодни рокови и да ги стигнат Ливерпул за две години, смета поранешниот фудбалер на двата клуба, Пол Инс.

„Ѓаволите“ под Оле Гунар Солскјер малку „живнаа“ и постојано тврдат дека се во процес на обнова на тимот, но Инс вели дека ќе биде потребно многу време за да се израмнат со Ливерпул.

„Ќе биде потребно долго време да се стигнат и ако на ’Олд Трафорд’ мислат дека за неколку години со многу пари ќе можат да го постигнат тоа, се залажуваат. Според мене треба да се гледа времето од заминување од Сер Алекс Фергусон до сегашната точка. Дејвид Мојс дојде, не доби пари ниту време да ја заврши работата, па дојде Луис ван Гал кој не беше за Јунајтед. Со Мурињо не излгедаа среќно од првиот момент. Сега, тука е Оле и тој е неискусен за оваа работа. Друго е да си тренер на Кардиф или Молде, а друго да работиш во Манчестер. Затоа последните шест години се направи голема штета и нестабилност во клубот, додека Ливерпул одат само нагоре со одреден план“, вели Инс.

Scroll to Top