Top Sport

Конор се подготвува за камбек во јули

Конор Мекгрегор со внимание ќе го следи УФЦ 249 овој викенд на Флорида, пред да процени дали здравствените мерки се доволни за да направи камбек во јули, вели неговиот менаџер Оди Атар.

Мекгрегор може дури да биде потенцијален противник на победникот од главниот меч во сабота помеѓу Тони Фергусон и Џастин Гетџи, но според Атар поважно ќе биде да се набљудуваат безбедносните мерки.

„Конор е љубопитен да види дали задравјето и безбедноста на спортисти ќе биде почитувана. Сака да знае дека за сите се грижат како што треба. Знам дека неговата желба е да се бори пред полни трибини, но доколку сè биде во ред, можеме да го видиме во кафезот веќе во јули“, вели Атар.

Камбекот во јули исто така се „поклопува“ со последните планови на УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, кој вчера изјави дека е подготвен за враќање во кафезот во јули.

Scroll to Top