Top Sport

Инс: Манчестер јунајтед не можат до Халанд само поради Рој Кин

Манчестер јунајтед нема да успеат да го донесат Ерлинг Халанд на „Олд Трафорд“ поради Рој Кин и неговиот неславен старт над неговиот татко Алф-Инге Халанд, тврди Пол Инс.

Кин доби директен црвен картон на дербито на Манчестер на „Олд Трафорд“ во 2001 откако брутално го фаулираше постариот Халанд, кој потоа мораше да се пензионира по низа операции. Ирецот доби казна од три меча и 5.000 фунти, но потоа таа му беше зголемена на дополнителни 5 меча и 150.000 фунти откако во автобиографијата призна дека фаулот бил намерен.

Инс верува дека овој инцидент, и фактот што Ерлинг Халанд е навивач на Лидс јунајтед, значи дека трансферот е невозможен.

„На Јунајтед му треба напаѓач, но Халанд е тешко да се добие поради ситуацијата со неговиот татко и Кин. Не можам да замислам да направи таков трансфер, а ако нема Лига на шампиони, тогаш дефинитивно нема трансфер“, вели Инс.

Кин и Халанд Сениор имаат подолга историја, откако три години пред тој инцидент, Кин ги скина лигаментите на коленото додека трчаше покрај Халанд, а Норвежаецот стоеше над него и го обвини дека лажира повреда. Кин призна дека фаулот бил „одмазда“.

Scroll to Top