Top Sport

Која е Етери Тутберидзе, тренерот „без душа“?

Необичното огромно внимание кое го предизвика олимпиското натпреварување во уметничко лизгање на Олимпијадата во Пекинг, во прв план ја фрли тинејџерката Камила Валиева и нејзиниот позитивен допинг тест и неуспехот да се стигне до злато, но и на необичен начин, Етери Тутберидзе, нејзиниот тренер, која беше обвинета дека „нема душа“ кога строго зборуваше со неа по грешките кои ги направи.

47-годишната Тутберидзе во руската јавноста е позната личност, бидејќи успеа да крене многу руски лизгачки до височините – Евгенија Медведева (олимписко сребро во 2018), Алина Загитова (двократна светска шампионка), Александра Трусова (олимписко сребро во 2022), како и Ана Шчербакова (освојувачката на злато во Пекинг).

Тутберидзе е родена во Москва во 1974 година, како најмладо дете во петчлено семејство со потекло од Грузија. Таа почна со лизгање на само 4 години, но не успеа да стане успешна поради низа повреди и финансиски проблеми на семејството. На 18 години се сели во САД, каде што работи на „Ајс капејдс“, шоуа на мраз, пред во 1999 да се врати во Русија и да работи во циркус, пред конечно во 2003 да стане тренер по уметничко лизгање, за во 2008 да стане дел од олимписката резерва школа во Москва.

Таа има и посеба улога во кариерата на Валиева, која била подготвена да се повлече од лизгањето во 2018 откако Тутберидзе ја прибрала девојката со потекло од Казан во својата тренинг-група. Тутберидзе е позната по новата генерација на „квод-лизгачки“, кои без проблем прават тројни и четворни скокови. Но, критиките велат дека таа ги турка девојките до својот лимит без внимание за нивнате физичка и ментална состојба.

Тука дојде нејзината реакција за разочарувачкото лизгање на Валиева во четвртокот, кога по крајот на програмата полна со грешки и падови, Тутберидзе ја праша девојката зошто се предала предвреме. На ова реагираше и претседателот на ИОЦ, Томас Бах, обвинувајќи ја Тутберидзе дека направила „страшна атмосфера“ за работа.

Scroll to Top