Посочувајќи го примерот на Филипе Кутињо и неговиот трансфер од Ливерпул во Барселона, Пол Инс смета дека ќе биде тешко да се заддржи моќниот тим на „црвените“ во следните сезони, што посебно е случај со дефанзивецот Виргил ван Дајк.
Инс смета дека Ливерпул не може финансиски да се мери со шпанските гиганти.
„Тоа што го прават е навистина посебно, фудбалерите и Клоп, но големите тимови освојуваат трофеи секоја година. Тие имаат шанса да го направат тоа, но прашање е како да станат подобри во иднина, бидејќи имаат многу млади фудбалери кои можат да играат повеќе. Но, видовме што се случи со Филипе Кутињо кога некој од Барселона или Реал ќе дојде на вратата. Дали некој ќе дојде до Ван Дајк? Не верувам дека тој ќе каже не ако тоа се случи“, вели Инс, кој беше фудбалер на Ливерпул од 1997 до 1999 година.
Инс исто така ја спореди ситуацијата со Кристијано Роналдо, кој си замина од Манчестер јунајтед како освојувач на „Златна топка“ и со трофеи од ЛШ и од Премиер лигата.
„Тешко е да се каже не кога ќе дојдат тие. Што си подготвен да имаш предивик и следната сезона?“, додава Инс.