Top Sport

Инсиње ја продолжи наполитанската победничка низа

Лоренцо Исиње со својот 100. гол во дресот на Наполи, му донесе на лидерот во Серија А, импресивна осма победа на стартот на шампионатот од 1:0 на гости кај Рома на „Олимпико“.

Наполи со оваа победа го продолжува историскиот старт на сезоната со осум победи во осум меча и со 26 постигнати голови. Откако Елисон го спречи ударот на Мертенс, асистенцијата на Белгиецот која требаше да стигне до Инсиње се одби од Де Роси, но напаѓачот остана концентриран да го постигне првиот гол во кариерата против Рома. Ова е 200. гол за Наполи во Серија А под водство на Маурицио Сари, постигнати во 84 натпревари.

Со победата Наполи останува на врвот на Серија А со максимални 24 поени, пет повеќе од Интер, Јувентус и Лацио, иако Интер има натпревар помалку – дербито со Милан утре.

Scroll to Top