Top Sport

Суарез ја спаси Барса на „Ванда Метрополитано“

Луис Суарез со гол во 84. минута ја спаси Барселона од пораз на шпанското дерби кај Атлетико Мадрид. Уругваецот стана првиот гостински играч кој постигнал гол на новиот храм на Атлетико, „Ванда Метрополитано“, за во исто време да не дозволи Каталонците да го доживеат првиот пораз во новата сезона.

Саул Нигуез во 21. минута со фантастичен удар го совлада Марк Андре Тер Штеген за френетична атмосфера на стадионот, кој како што ветија навивачите на Атлетико беше полн со шпански знамиња како мала провокација за неизвесноста околу каталонскиот референдум за неизвесност.

Меѓутоа, Диего Симеоне ќе почека за победа над Барселона во Ла лига, откако Суарез уште еднаш покажа дека е фантастичен напаѓач со импресивен гол.

Барселона останува лидер со 22 поени, пет повеќе од Реал Мадрид, додека Атлетико се трети, исто така без пораз (4 победи и 4 ремија) со 16 поени.

Scroll to Top