Симоне Верди ги „начна“, а Лоренцо Инсиње со два гола ја потврди доминацијата на Наполи за 3:1 гостинска победа кај Торино, со што ги крена „партенопеи“ на второто место на табелата во Серија А, со 12 поени, идентично како првопласираниот Јувентус (кој има еден натпревар помалку).
Инсиње стрелаше веќе во четвртата минута, а Верди во 20. минута по асистенција на Дрис Мертенс носи водство од 2:0 кое остана до полувремето. Белоти од пенал ја враќа надежта за „биковите“ во 51. минута, но само осум минути подоцна Инсиње ја потврдува победата на тимот на Карло Анчелоти.