Top Sport

Инсиње го теши расплаканиот навивач на Наполи: Ветувам дека пак ќе се смееш (видео)

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње му прати видео порака со извинување на младиот навивач на „партенопеи“ кој камерите го забележаа како плаче при 0:2 поразот на тимот од Фиорентина.

Солзите на детето по третиот последователен пораз на Наполи во Серија А беше совршен симбол на тоа како се чувствуваат фановите на клубот од Неапол по катастрофалната сезона, а дел од навивачите побараа таа фотографија да ја залепат во соблекувалната да ги потсетува за што се борат.

Сега, капитенот Инсиње со видео-порака му се обраќа на навивачот.

„Чао Марио, жал ми е што плачеш за тој резултат. Можам да ти ветам дека отсега ќе имаме одлична сезона и повторно ќе се смееш. Те чекаме на стадионот“, вели Инсиње.

Scroll to Top