Top Sport

Се јави и Армстронг: Фрум ќе биде „оцрнет засекогаш“

Контроверзната велосипедска легенда, Ленс Армстронг го предупреди Британецот Крис Фрум дека ќе биде „оцрнет засекогаш“ поради контроверзите околу неговиот позитивен тест на средството против астма, салбутамол.

Американецот, кому му беа одземени седумте Тур де Франс титули токму поради допинг, смета дека Фрум го очекува кошмар на француските патишта во јули доколку случајот не се разреши пред 105. издание на Тур де Франс.

Фрум официјално не е суспендиран за превисокот ниво на Салбутамол во урината по 18. етапа на Вуелта Еспања на 7 септември, но од Интернационалната велосипедска унија (УЦИ) бараат разјаснување од четирикратниот ТдФ шампион.

Армстронг, кој го победи ракот на тестисите да стигне до седум трофеи од Тур де Франс, долго време демантираше дека се допингувал, пред да биде суспендиран и да открие дека користел недозволени средства во текот на целата кариера. Тој има мислење за Фрум.

„Јас сум можеби последната личност која треба да дава мислење за ова, но нешто не е во ред со начинот на кој се одвиваат работата. Понекогаш, едноставно не изгледа легитимно и тој треба да добие шанса да објасни. Може да биде целосно ослободен, но ќе биде оцрнет засекогаш. Штетата е направена. Велосипедизмот е крпа за бришење нозе, и јас сум одговорен за тоа и сакам да ја прифатам одговорноста. Но, кога ќе прочиташ некои текстови за него, испаѓа како да испил галон ЕПО за доручек и тоа не е фер кон него. Сепак, тоа мора да го реши пред Франција, бидејќи таму го чека кошмар“, објаснува Армстронг.

 

Scroll to Top