Top Sport

Инсиње има најголема плата во МЛС

Американската професионална фудбалска лига, МЛС, ги објави платите на играчите во тековната сезона.

Платите се објавени во две категории: првата е основата, а втората е загарантирана заработка. Ова вклучува, на пример, бонуси за потпишување, маркетинг активности и слично. Тука не се вклучени премиите за бројот на натпревари, победи или голови, бидејќи тоа не може да се пресмета однапред.

Најголема плата преку барата има поранешниот играч на Наполи и репрезентацијата на Италија, Лоренцо Инсиње.

Со преселбата од Неапол во Торонто си обезбеди плата од 14.000.000 долари по сезона. Во неговиот случај, кој е редок пример меѓу најплатените, се работи за чиста плата без дополнителни бонуси.

Далеку зад него е Џердан Шаќири со загарантирана заработка од 8.153.000 долари во Чикаго, додека на третото место е Хавиер Чичарито Хернандез со 7.443.750 долари во Лос Анџелес.

На листата следни се: Федерико Бернардески, Даглас Коста, сега веќе пензионираниот Гонзало Игуаин, па Хектор Ерера, Алехандро Позуело… Кристијан Бентеке е на 11.то место, Герет Бејл е на 23. место. Велшанецот во Лос Анџелес има годишна плата од 2.386.667 долари.

Топ 10:

Лоренцо Инсиње (Торонто) 14.000.000 долари

Џердан Шаќири (Чикаго) 8.153.000

Хавиер Чичарито Хернандез (ЛА Галакси) 7.443.750

Федерико Бернардески (Торонто) 6.256.322

Даглас Коста (ЛА Галакси) 5.800.000

Гонзало Игуаин (Мајами) 5.793.750

Хектор Херера (Хјустон) 5.246.875

Алехандро Позуело (Мајами) 4.693.000

Луиз Араухо (Атланта) 4.480.333

Џози Алтидор (Нова Англија) 4.264.963

Scroll to Top