Раководните луѓе на Наполи, на чело со претседателот Аурелио Де Лаурентис, решиле драконски да го казнат парично со 350.000 евра капитенот Лоренцо Инсиње. Според нив тој бил водачот на бунтот, иако медиумите како лидер го означија Алан.
Де Лаурентис решил да ги казни сите играчи бидејќи ја одбиле неговата наредба по мечот со Салцбург да одат во карантин.
Вечера медиумите објавија дека Алан ќе добие само 50 отсто од месечната плата, односно ќе добие 200.000 евра. Според нив Бразиелцот го водел бунтот, меѓутоа во клубот имале поинакво мислење.
Лидер на бунтот бил капитенот Инсиње чија сметка ќе биде олеснета за 350.000 евра.
Меѓу оние што се казнети е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Италијанските медиуми шпекулираат дека тој е парично казнет со околу 56 илјади евра.
Од казните Де Лаурентис ќе заштедел околу 2,5 милиони евра.