Само што направи трансфер во Торонто ФЦ во американската МЛС лига, Лоренцо Инсиње признава дека му недостасува неговиот поранешен клуб Наполи.
31-годишниот Инсиње си замина од клубот по крајот на договорот, и веќе има еден гол и една асистенција во првите три меча за Торонто, и вели дека почнува да се навикнува на тој начин на живот.
„Добро ми е во Торонто и веќе почнав да го учам јазикот, за да се разберам со луѓето, соиграчите и тренерот. Ми недостасува сè за Наполи и кога ќе имам време ќе се вратам во Неапол да ги видам пријателите. Уште го следам Наполи многу детално. Едвај чекам да почне Серија А за да навивам за мојот клуб и веќе имам направено распоред како да ги гледам сите мечеви. Се надевам дека ќе има борба за титула. Единствено ми е жал што јас, Дрис Мертенс, Калиду Кулубали и Фаузи Гулам заминавме заедно. Дадовме многу за Наполи, но таков е животот. Сигурен сум дека сите ќе навиват за клубот“, вели Инсиње.
#Insigne : 'Di #Napoli mi manca tutto, ma felice della mia scelta. Io, #Mertens e #Koulibaly via? Dispiace, la vita è così…' https://t.co/f8hvf03hyM
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 8, 2022