Top Sport

Инсиње: Ми недостасува сè за Наполи

Само што направи трансфер во Торонто ФЦ во американската МЛС лига, Лоренцо Инсиње признава дека му недостасува неговиот поранешен клуб Наполи.

dobivaj vesti na viber

31-годишниот Инсиње си замина од клубот по крајот на договорот, и веќе има еден гол и една асистенција во првите три меча за Торонто, и вели дека почнува  да се навикнува на тој начин на живот.

„Добро ми е во Торонто и веќе почнав да го учам јазикот, за да се разберам со луѓето, соиграчите и тренерот. Ми недостасува сè за Наполи и кога ќе имам време ќе се вратам во Неапол да ги видам пријателите. Уште го следам Наполи многу детално. Едвај чекам да почне Серија А за да навивам за мојот клуб и веќе имам направено распоред како да ги гледам сите мечеви. Се надевам дека ќе има борба за титула. Единствено ми е жал што јас, Дрис Мертенс, Калиду Кулубали и Фаузи Гулам заминавме заедно. Дадовме многу за Наполи, но таков е животот. Сигурен сум дека сите ќе навиват за клубот“, вели Инсиње.

Scroll to Top