Наполи утре ќе ја пречека Барселона во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Утре на трененот на „Сан Паоло“ пред нанивачите на Наполи, прв пат во кариерата ќе истрча еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси. Аргентинецот е во голема форма, во саботата сам со четири гола го победи Еибар.
Дуелот на Наполи и Барселона, односно доаѓањето на Меси во градот под Везув новинарите го искористиле да му постават прашање на Лоренцо Инсиње, дали Меси е подобар играч од Марадона кој има статус на божество во Неапол.
„Меси е најдобриот играч во светот, но него не можам да го споредувам со Марадона. Диего е сѐ, него не можеме да споредуваме со ниту еден играч. Марадона кај нас е божество. Но Меси во моментов е најдобриот играч во светот о тоа е јасно како ден“, рекол капитенот на Наполи.