Top Sport

Инсиње потпиша договор со Торонто

Лоренцо Инсиње ги игра последните пет месеци во дресот на Наполи. Капитенот донел одлука, по 12 години да го напушти клубот. Изненадување е што Инсиње ќе ја продолжи кариерата во Торонто.

Инсиње со новиот клуб потпиша пет и пол годишен договор со Торонто.

Европскиот шампион со Италија, изминатиот период ја одби понудата од клубот да го продолжи договорот. Торонто го привлекле со плата каква што не можел да ја добие во Европа.

Инсиње, во кариерата, одиграл преку 400 натпревари за Наполи, постигнал 114 голови.

Scroll to Top