Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње ја прекинал соработката со супер-агентот Мино Рајола, јавуваат повеќе италијански медиуми, посочувајќи ја неговата желба да ја заврши кариерата во Неапол.
Инсиње стана клиент на Рајола во 2018 покрај Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ и Џанлука Донарума, по што се зголемија шпекулациите дека сака да замине од „Сан Паоло“, но сега очигледно тој го сменил своето мислење.
Наполитанецот има две години од договорот со Наполи, а според „Кориере дело спорт“ клубот веќе му понудил продолжување на договорот. Инсиње беше во конфликт со претходниот тренер на клубот Карло Анчелоти, предводејќи го „бунтот“ на играчите, но се верува дека има фантастична соработка со сегашниот лидер на тимот, Џенаро Гатузо.