Поранаешниот капитен на Наполи, а сега фудбалер на Торонто по итната пауза од фудбалот поради семени причини, потврди дека неговата сопруга Џеновефа Дароне имала спонтан абортус додека била шест месеци бремена.
„Последните недели сите знаеја дека имав некои лични проблеми, но не ја знаеја и причинаат. Да бидеме јасни, јас и мојата сопруга загубивме ќеркичка, која ќе остане во нашите срца засекогаш. Тешко е да се објасни овој период и се обидуваме да го преживееме. Имаме две прекрасни деца кои не прават среќни, но ова ќе остане засекогаш во нашите животи“, открива 31-годишниот Инсиње.
Инсиње и сопругата Џени се во брак од 2012 година и имаат два сина, Кармине (9) и Кристијан (7).