Top Sport

Клоп и Хаман веќе не се пријатели, никој нема право да го критикува Ливерпул?

Пријателството помеѓу менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп и неговиот сонародник, поранешниот фудбалер на „црвените“, Дитмар Хаман е „завршено“ по саркастичните коментари на Клоп, кои го навредиле Хаман, тврдат германските медиуми.

Хаман, кој имаше 283 настапи за Ливерпул од 1999 до 2006 година, претходно изјави дека Клоп може да добие отказ ако продолжи лошата форма на Ливерпул, кои се само 10. во Премиерлигата.

„Очигледно има проблеми во Ливерпул во моментов. Клоп може да гледа на тоа поинаку, и ако мисли дека зборувам глупости тогаш нека го каже тоа. Немам проблем со тоа, секогаш ги почитувам другите мислења и затоа не сфаќам зошто реагираше така. Не знам дали сме далеку од позиција во која ќе зборуваме за промени на тренер“, изјави Хаман за „Скај спортс Германија“.

Кога името на Хаман беше споменато на прес-конференцијата на Клоп вчера, тој веднаш го смени расположението.

„Кој го кажа тоа? Диди Хаман? Ох, супер. Фантастичен извор, многу почитуван насекаде. Ако сте поранешен фудбалер на Ливерпул немате право да кажувате што сакате, посебно кога немате поим“, изјави Клоп.

Scroll to Top