Top Sport

Инсиње: Се расправам со Анчелоти, но би го дал животот за овој дрес

Лоренцо Инсиње во интервју за „Раи спорт“ признава дека понекогаш има „голем караници“ со Карло Анчелоти, но вели дека би го дал животот за дресот на Наполи.

Анчелоти честопати го поставуваше Инсиње на клупата, или воопшто го изоставуваше од тимот (како на дуелот од ЛШ против Генк), и италијанските медиуми тврдеа дека има големи несогласувања меѓу двајцата. Инсиње делумно го признава ова.

„Мојот однос со Анчелоти е помалку чуден, бидејќи понекогаш имаше караници, но тоа најмногу е поради нашите карактери. Карло останува фантастичен тренер и сакам да победувам со него. Во две години тренинг-сесии, некогаш кога ќе пристигнам подоцна или нервозен, сум одговарал луто, но тоа се инциденти кои не влијаат многу на играта. Од друга страна, можам и да се шегувам со него. Некои фанови на Наполи не ме разбираат, сметаат дека сум арогантен, но се надевам дека ќе им го сменам мислењето, бидејќи навистина би го дал животот за овој дрес“, вели Инсиње.

Scroll to Top