Top Sport

Бекам го бара потписот на Мбапе

Дејвид Бекам се обидува да го добие потписот на Килијан Мбапе, но не за својот нов американски клуб Интер Мајами, бидејќи тоа е речиси невозможно, туку за својата нова менаџерска компанија „Футворк менаџмент“.

Според „Дејли мејл“, легендата на англискиот фудбал неколку пати имал состаноци со 20-годишната мега-ѕвезда на Пари Сен-Жермен, каде што уште има врски од времето кога беше фудбалер.

Мбапе би добил совети од Бекам, кој покрај тоа што беше фудбалска ѕвезда со настапите за Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, успеа да изгради и имиџ на ѕвезда надвор од терените, посебно преку бракот со Викторија Бекам.

Scroll to Top