Top Sport

Инсиње со фантастична тетоважа од идолот Марадона

Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње ја покажа својата огромна тетоважа на Диего Марадона на неговата нога како посвета за легендата на клубот и на светскиот фудбал.

29-годишниот Инсиње, претходно му оддаде почит на Марадона за време на мечот со Рома, прославувајќи со дрес со број 10 и со името на Марадона. По смртта на Аргентинецот тој напиша:

„Најголемиот на сите времиња, имав огромна среќа да те сретнам во мојот живот. Од првиот ден кога пристигна во нашиот сакан Неапол, ти стана наполитанец. Даде многу за својот народ, за својата земја. Насмевки, трофеи, љубов. Пораснав со семејните приказни за твоите остварувања и бесконечна љубов. Ти беше нашиот Диего“, напиша Инсиње.

Scroll to Top