Top Sport

Инсиње со голчиште, Наполи ја „втурна“ Рома во нова криза (видео)

Капитенот Лоренцо Инсиње постигна гол во 82. минута за да донесе 2:1 победа на Наполи над Рома, и да ја втурне „волчицата“ во нова криза со три порази во последните три меча.

Наполи, дојде во водство преку Хозе Калјехон во 55. минута, но гостите се вратија во игра само пет минути подоцна со убавиот гол од далечина на Хенрик Мхитарјан. Сепак, притисокот на „партенопеи“ вроди со плод во 82. минута, кога Лоренцо Инсиње постигна магичен гол за три поени на тимот на Џенаро Гатузо. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса само во последните пет минути од мечот, кога го замени Фабијан Руиз.

Рома останува на петтото место со 48 освоени поени, но сега веднаш зад нив се Наполи со ист број на поени, а тука се и Милан на 46 поени во тесна борба за местата кое води во Лига Европа.

Scroll to Top